Словенечки полицајци распоредени на македонско – грчката граница

Амбасадата на Словенија во Република Македонија денес информира дека словенечки полициски службеници започнале со работа на македонско – грчката граница.

-Шест словенечки полициски службеници денес започнаа со работа на македонско – грчката граница. Тие ќе ги извршуваат своите обврски заедно со македонската гранична полиција на подрачјето, кое го покрива полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица”. По потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар „Гевгелија”., се вели во соопштението од Амбасадата

Во работата покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко.

 

Република Словенија во рамки на своите можности, одговори на барањето на Република Македонија за материјална и логистичка помош при справувањето со бегалската криза, која го зафати регионот.

 
 
06.01.2016 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега