ВМРО-ДПМНЕ: Според сите етички норми Јовановиќ не смее да биде раководител на Поштата во Куманово

          

  ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозно несогласување со одлуката Миодраг Јовановиќ да биде поставен за в.д. Раководител на Пошта Куманово.

          ВМРО-ДПМНЕ во рамките на законските и институционални можности ќе покрене иницијатива за негова смена од раководна позиција.

          Иако станува збор за позиција која ја извршувал пред да стане градоначалник, лицето Миодраг Јовановиќ во овој момент, според сите етички норми, не треба да ја извршува истата функција.

 

          ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која во овие дваесетина години покажа капацитет за кадровска обновливост и партија која постојано ја испитува спремноста на кадрите да ги извршуваат своите обврски. Таквиот принцип се надеваме дека ќе биде прифатлив и за партиите од нашата коалиција и за сите останати партии во Република Македонија.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега