ВИДЕО: Трогателна приказна за младо момче кое почина од рак
Осумнаесетгодишниот Американец Зак Соубиак, инаку пејач и текстописец,ја трогна јавноста со својата животна приказна. Тој како и секое амбициозно момче сакаше да проживее и постигне многу во животот, но за жал беше спречен од смртоносна болест. Кај момчето беше дијагностицирана тешка форма на рак. Лекарите во 2012 година му рекле дека му преостанува уште година дена живот, а после тажната прогноза тој го напишал својот најголем хит Clouds кој до моментот на смрта достигнал над 3 милиони прегледи, а денес има 8 милиони.