Трудница поради утринска мачнина пропуштила премија на лото од 32 милиони евра

Трудница и мајка на две деца поради утринска мачнина пропуштила да освои премија на лото.

Се работи за 31-годишната Луис Витби која како што пренесе Дејли Мејл поради тоа што е бремена не ја освоија премијата на лото вредна 32 милиони евра. Оваа трудница имала утринска мачнина па затоа и не можела да отиде на работа каде десетина вработени напишале лото ливче и ја добиле премијата. По ова, сите дале отказ од работа.

Сепак, сега оваа жена ќе ги тужи своите колеги бидејќи вели дека секој ден и таа со нив давала пари за лото ливчињата, а тие не сакаат да поделат ништо со неа.

најчитано сега