Ќе се прави Национален Парк на Месечината?

Американскиот конгрес неодамна доби предлог закон за прогласување на местото на кое слетале мисиите Аполо, за Национален историски парк. 

Според предлогот, законот треба да стапи на сила не подоцна од една година од усвојувањето.

Инаку, Секретеријатот за внатрешни работи на САД би соработувал со НАСА за обезбедувањето и уредувањето на просторот, како и координација со другите земји.

Инаку, предлогот доаѓа од Дона Едвардс од Републиканската партија, која смета дека е неопходно да се заштити местото бидејќи се повеќе други држави работат на програми за истражување на Месечината.

 

најчитано сега