Озборувањата се вистина: Нечас призна дека е во врска со шефицата на кабинетот

Поранешниот чешки премиер Петр Нечас ја призна врската со шефицата на неговиот кабинет, Јана Нагиова, јави МИА.

Во интервју за весникот „Право“, Нечас, кој неодамна објави дека ќе се разведе со својата сопруга вели дека неговата врска со Нагиова има иднина и дека стои на нејзина страна.

- Со Јана Нагиова, имаме силна врска, на која сметам и во иднина и цврсто стојам зад неа, вели Нечас.

Тој по оставката, одлучи да продолжи со пратеничката функција и се соочува и со барање за одземање на неговиот пратенички имунитет, моментално неговата сакана се наоѓа во притвор.

Идната недела, парламентарната Комисија за мандатни и имунитетни прашања ќе одлучува по барањето на Обвинителството за одземање на имунитетот на експремиерот.