Спасовски незаконски го унапреди сопругот на својата колешка

Невиден чин на непотизам е унапредувањето за 4 нивоа на сопругот на техничката министерка за труд и социјала Фросина Ременски.

Без никаков интерен оглас Оливер Спасовски одлучил, спротивно на Законот за внатрешни работи да го унапреди нејзиниот сопруг за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник –  инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот

Членот 107 од Законот за внатрешни работи вели дека работното место на кое се распоредува работникот  мора да биде идентично по ниво во класифицкацијата, а Ременски е унапреден 4 нивоа погоре.
Истиот закон предвидува да имал иста или слична работа пред распределувањето. Ако си има предвид дека Ременски работел во секторот за недозволена трговија со дрога а се сега е генерален советник во кабинетот на директорот на УБК, се поставува прашањето зошто министерот кој е најповикан да го спроведува Законот за внатрешни работи го крши исклучиво за партиски потреби.
Извори од УБК велат дека ниту имало потреба од негово назначување во кабинетот ниту пак таму има што да работи, бидејќи едноставно, Ременски не е компетентен за тие задачи.

Во полицијата на големо се зборува дека со овој чекор Спасовски ја враќа полицијата неколку скалила наназад и срамно ја политизира.

Освен подарокот за неговата колешка, Спасовски спротивно на закон, нетранспарентно и без никаков оглас унапредил уште 10 партиски послушници. Дознаваме дека унапредени се и:

-Насер Селмановиќ во началник на Единица за поддршка во Сектор за следење, набљудување и документирање во Оддел за оперативна техника. Претходно Селимовиќ бил инспектор за имотни деликти и унапреден е за 5 места и исто така не вршел исти или сродни работи.

– Златко Апостолоски во заменик на помошник директор во Оддел за анализа и истражување. Претходно Апостолски бил на позиција дежурен во полициската станица Чашка, така што станува збор за скок од цели седум позиции. Повторно и Апостолски не врши исти или сродни работи како што предвидува законот.

– Борче Петревски во генерален советник во Кабинет на УБК, а претходно бил на позиција Виш инспектор и сега со решение на Спасовски прескокнува пет места, повторно без да врши исти или сродни работи.

– Јовица Петрушевиќ во генерален советник во Кабинет на УБК. Претходно Петрушевиќ бил инспектор за имотни деликти  и сега напредува за шест нивоа. Притоа не е во место на живеење и не вршел исти или сродни работи.

– Билјана Ангелковска во главен аналитичар во Одделение за медиуми во Сектор за стратешка анализа во Оддел за анализа и истражување. Таа претходно била дежурна во полициската станица Блаце и сега прескокнува четири нивоа, без основна обука за аналитичар и без да вршела сродна или иста работа.

– Златко Арсов во началник на Одделение 1 во Сектор 1 во Оддел за контраразузнавање. Арсов претходно бил Виш инспектор и прескокнува три нивоа.

Останатите се унапредени за по едно ниво. Повторно без интерен оглас и без да извршуваат иста или сродна работа.

– Марјан Петровски во главен инспектор во Одделение 1 во Сектор 1 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот

– Иван Сливјановски во началник на Единица за планирање, безбедност и сајбер заштита во Оддел за оперативна техника

– Катерина Кнежевска во началник на Сектор за управување со човечки ресури и обука во Оддел за безбедносен менаџмент, управување со човечки ресурси и обука

 

– Кирил Соколов во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот.

Со овие прераспределби Спасовски полицијата ја претбори во штаб на СДСМ

 
 
03.01.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега