Чаша вода содржи 10 милиони бактерии - дознајте како влијаат врз вашиот организам
Научниците открија дека водата која ја користиме за пиење е богата со „добри бактерии“.
Чаша чиста вода содржи 10 милиони „добри бактерии“ кои помагаат за чистење на водата и одржување на нејзиниот квалитет, покажа новата студија.
Тие бактерии и останатите микроби растат таму каде што се задржува питката вода и во внатрешноста на водоводните инсталации. Ова истражување покажа дека меѓу бактериите во водоводните инсталации постои огромна разлика.
Исто така, истражувачите сметаат дека голем дел од процесот на прочистување на водата се одвива во инсталациите, а не само на местата наменети за тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа