Црна Нова Година: Почина познатата светска пејачка

Пејачката Натали Кол, ќерка на џез легендата Нет Кинг Кол, почина на 65 години.

Кол во 1991 година сними албум „Unforgettable... With Love“, кој е продаден во 14 милиони примероци и освои шест Греми награди.

Истоимената песна, виртуелен дует со нејзиниот покоен татко, беше и најголем хит во нејзината кариера.

Во мај 2009 година Кол имаше трансплантација на бубрег, а пејачката претходно објави дека и е дијагностициран хепатитис Ц како последица од земање хероин во 70-те и 80-те години.

 
 
02.01.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега