Лошите услови во студентските домови стануваат минато: Никнуваат нови модерни објекти

Старите и руинирани бараки и дотраените згради од студентските домови, остануваат само дел од минатото.

Собите со стариот мебел и лошите услови во кои живееја студентите во изминативе децении, од годинава се заменуваат со нови реконструирани простории модерно уредени. На местото на некогашниот „Медицинар“ на почетокот од новата 2016-та ќе почне да се гради новиот објект, на површина од 1200 метри квадратни.

До 400 студенти ќе можат да престојуваат во комплетно новиот студентскидом. Новина која премиерот Никола Груевски ја најави е што покрај новите и модерни простории во кои ќе живеат студентите, ќе биде изградена и спортска сала во комплексот на студенскиот.

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски за Алфа најави дека е завршен и тендерот за целосно реновирање на блокот А во студентскиот дом„Гоце Делчев “.

-Студентскиот дом Гоце Делчев продолжуваме да го реконструираме со динамиката со која што го најавивме. Блокот Б е комплетно реновиран во целост. За блокот А сме во завршна фаза, сега сме во постапка на избор , односно евалуација на фирма која што ќе ги превземе активностите за реновирање на вториот блок, блокот А и веднаш потоа во наредните неколку недели се очекува да пристигне проект за реновирањето на блоковите В и Г и мензата и за истите да се распише јавен повик за фирма изведувач, која што ќе ги реновира овие два блока, вели Ристовски за АЛФА.

Владата веќе донесе одлука и за градење на други 3 студентски домови од кои два ќе се градат во Скопје, а едниот во Тетово. Ова се комплетно нови објекти кои ќе обезбедат дополнителни 900 места за студентите од внатрешноста. На ова се осврна и премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

-Во образованието, во тек е реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев, а во 2016та ќе почне градбата на уште два во Скопје и еден во Тетово. Почна со работа филмската школа во Охрид, во соработка на престижната чешка школа ФАМУ и штипскиот универзитет. Почна и градбата на објекти на два нови факултети, на Финки и факултетот за физичка култура. Формиравме и нов универзитет Мајка Тереза, кој ќе биде на македонски, албански и англиски и ќе преставува нов квалитет во високото образование во Македонија, рече Груевски.

 

 
 
02.01.2016 - 10:40
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега