ВНИМАВАЈТЕ: Она што ќе го правите денеска ќе ве следи цела година!

На втори јануари се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.

Постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.

“Вистинските” бадникови и божикни обичаи почнуваат денеска, на втори јануари со празникот Св. Игнат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.За денешниот ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на денешен ден да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е денеска да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

 
 
02.01.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега