Студот сече: Цела Македонија мрзне на минус 10

Во сите региони во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Битола и во Берово каде се измерени - 10 степени по што следуваат Струмица, Лазарополе, Тетово, Прилеп и Скопје со -8, Демир Капја, Куманово и Крива Паланка -7, Дебар, Гевгелија, Маврово, Штип, Дојран и Крушево со -6, Охрид -5 и Претор -2 степена. 

Во источните делови од земјата времето е умерено до значително облачно, а во западните делови е сончево. За денеска се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Од утре, Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. На повисоките места и на планините ќе врне снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

Според Управата за хидрометеролошки работи, врнежи од снег ќе има уште утре кои локално ќе бидат обилни и ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови. На места ќе има и појава на замрзнат дожд, а кон крајот на денот во пониските подрачја врнежите ќе поминуваат во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.

Повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе има и во наредните денови. На планините врнежите ќе бидат од снег.

 
 
02.01.2016 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега