Годинава многу бебиња: Првото во Сруга машко

Првото новороденче во 2016 година во Струшката болница е момче. Од болницата информираат дека бебето е родено во 6 часот и 55 минути со царски рез, а веднаш потоа на свет дошле уште две бебиња.

Бебето и мајката, како што посочуваат од болницата, се чувствуваат добро. 

 

Од Одделението за гинекологија и акушерство во Струга очекуваат уште најмалку три бебиња во текот на денот.

 

Новогодишната ноќ во Струга поминала без инциденти. Брзата помош немала никакви интервенции, а немало нарушување ниту на јавниот ред и мир.

 

- Мирна и безбедна беше новогодишната ноќ во Струга. Во градот и околните неселени места не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, немаше сообраќајна незгода, ниту друг безбедносен настан, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полициски службеници, според него, и денеска се во централното градско подрачје и околните места.

 
 
01.01.2016 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега