Градоначалникот на Македонска Каменица ја дочека Новата 2016 година со граѓаните

Градоначалникот д-р Дарко Митевски, Новата 2016 година ја дочека со граѓаните, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Во краткото обраќање им посака среќни празници и година исполнета со среќа, здравје, успеси и благосостојба. Новата 2016 година беше дочекана со спектакуларен огномет и македонска песна. Во текот на Новогодишната ноќ, градоначалникот Митевски ги посети и дежурните во Итната медицинска помош и Полициската станица, при што им подари новогодишни пакети. Градоначалникот се заблагодари заради нивниот ангажман најлудата ноќ во годината да помине безбедно и во најдобар ред.

 
 
01.01.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега