Страшна трагедија за Нова Година во Македонија: Згасна уште еден живот

Крстосницата Дујле во Штип, рано утрово, поточно во 22 минута од новата година ја зема првата жртва. Во сообраќајна несреќа во судар на два автомобила загина штипјанецот Марјан Ордев, објави Канал 5.

До сообраќајката дошло кога од засега неутврдени причини, автомобилот марка Фолксваген Поло, движејќи се од правец на зградата на Противпожарната единица на улицата Борис Кидрич кон крстосницата управуван од штипјанецот, А.Н. токму на крстосницата  удрил во автомобилот марка Ауди караван, што се движел на улицата Партизанска, управуван од сега загинатиот 38 годишен возач.

Резултатите од алкотестот кај 22 годишниот А.Н. покажале 1,45 промили алкохол во крвта.

Со А.Н. имало и сопатник. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување.

 
 
01.01.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега