Надвор -14: Лоши вести за првиот викенд годинава

Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус пет, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.

 
 
01.01.2016 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега