Димовски до Спасовски: Дали и колку пати сте комуницирале со осомничените за фалсификување на лични карти и пасоши?

На денешната, последна за оваа година, седница во Собранието на Република Македонија наменета за поставување на пратенички прашања, своето право да постави пратенички прашања го искористи и Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој на оваа седница, до техничкиот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски постави две пратенички прашања.

Имено, првото пратеничко прашање беше прврзано со неоддамна откриената фабрика за афери каде се фалсификувале лични карти, пасоши, афери и други документи. Во воведот од своето прашање, Илија Димовски истакна дека, министерството за внатрешни работи раководено од човек на СДСМ Оливер Спасовски, било доволно само еден месец тоа министерство да се најде во епицентарот на скандалите во Република Македонија.  

„Господине Спасовски, според информациите од јавноста, а дел од нив потврдени и од Јавното обвинителство, при претрес по наредба на ЈО, а не на МВР, во куќа на членови на СДСМ се пронајдени 120 илјади украдени идентитети, фалсификувани пасоши на Република Македонија, Република Бугарија и Република Турција за што дополнително ќе се утврди за што ќе се користеле овие пасоши. Пронајдени се голем број на фотографии во компјутерите, најдена е огормна апаратура за печатење на фалсификување на документи, пронајдени се фалсификуавни банкарски сметки и трансакции кои требало да се искористат како фиктивни и лажни афери веројатно во текот на избори, исто така најдени се и панцир елеци, 70 илјади прислушкувани разговорио во фолдер СДСМ-Заев“, образложи во воведот од прашањето Илија Димовски.

Илија Димовски во своето прашање се осврна и на неколкудневното отсуство на Оливер Спасовски откако беше обелоденета оваа афера.

„Жално е тоа што неколку дена ве немаше во јавност за да го изнесете вашиот став околу оваа афера. И жално е тоа што вие и пред да биде објавена аферата, јавно во интервју, повикувавте да не се брза со истрагата. Кои биле причините за тоа, Вие ги знаете“, истакна Димовски.

На крајот, Илија Димовски го запраша Оливер Спасовски дали и колку пати сте комуницирале со било кој од овие три лица? Дали со Захир Бекири, дали со неговиот брат или со Аднан Сума?  

 

По ова прашање се изјасни техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој очекувано се обиде да го избегне одговорот и темата за која што всушност беше повикан да говори од страна на Илија Димовски. Спасовски во својот одговор демонстрираше очигледно непознавање на надлежностите на министерството и процедурите кои се карактеристични при вакви ситуации. Дополнително, тој се обиде својот одговор да го пренасочи во сосема друга насока и говореше на сосема различна тема. Сепак, на крајот Спасовски потврди дека во изминатиот период имал комуникација со еден од осомничените лица за оваа афера, но не прецизираше за што тие зборувале и во колку наврати комуницирале. 

 
 
31.12.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега