Маја Иванова им подари пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и им подари новогодишни пакетчиња на децата згрижени во таа јавна здравствена установа.

- Традиционално во пресрет на новогодишната ноќ сум со дечињата што за жал Новата година ќе ја поминат во болничките кревети на Детската клиника во Скопје. За миг сакавме да им ја доловиме празничната атмосфера што сите ја чувствуваме, да доловиме насмевки на нивните лица и да им ја честитам Новата година, изјави Иванова.

Посочи дека од срце во 2016 година им посакала многу здравје, среќа, да нема детски и родителски солзи и што поскоро да се вратат во прегратките на своите најмили. Таа им ја честиташе Новата година и им посака се најдобро на персоналот на Детската клиника, за директорката Аспазија Софијанова, за нивната храброст, пожртвуваност и за се што прават децата да излезат од Клиниката здрави и живи.

- На вас медиумите Ви ја честитам Новата година и Ви благодарам за се што правите за и со децата, додаде Иванова.

Софијанова смета дека идната година сепак ќе има многу повеќе насмевки, многу помалку тажни моменти.

- Знаеме дека за тоа се болниците, да направат се што е можно за да  имаме повеќе насмевките отколку тажни моменти, посочи Софијанова.

Додаде дека заради лекување, 50 деца новогодишната ноќ ќе ја поминат во Клиниката за детски болести.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во 2016 година планираат два проекта од кои едниот е веќе изготвен, само треба да почне да се реазлизира, а другиот е во фаза на подготовка.

- Првиот план е комплетно реновирање на Одделот за интензивна нега и терапија кој ќе се состои од три оддели внатре во него и ќе биде според стандардите кои ги нудат сите високо развиени земји, а вториот проект е аутистичниот дијагностички центар кој сметам дека е единствено релевантен да го покрива оваа установа, каде ќе се дијагностицираат работи кои досега биле многу енигматични, проблематични, а ќе има можност и регионално да ги згрижуваме овие деца со пречки во развојот, додаде Софијанова.

 
 
31.12.2015 - 13:27
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега