Во 2016-та ќе се градат 4 нови болници - 5 ќе се реконструираат

Четири нови болници ќе се градат и пет ќе се реконструираат во новата 2016 година, најавува премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање до јавноста. 

Во новата 2016 година ќе почне изградбата на новиот Клинички центар, градбата на Клиничката болница во Штип, Ургентниот центар во Куманово, а во тек е и градбата на болницата во Кичево.  

- Во здравството имавме повторно многу нови вложувања и ќе имаме уште повеќе во 2016-та. Се изгради болницата во Козле, новиот простор за Државната кардиохирургија, а ПЕТ центарот е при крај. Градбата на новиот Клинички центар се одолжи, но конечно се бира изведувач и во 2016-та ќе почне градбата на овој капитален проект, исто како и на Клиничката болница во Штип за која се одбра изведувач. Почнаа голем број темелни реконструкции на болници, како во Битола, Прилеп, Св.Еразмо во Охрид. Следува и реконструкцијата на болницата во Струмица и градбата на Ургентниот центар во Куманово, двете во март 2016, како и реконструкцијата на Клиничката болница Св. Наум Охридски во Скопје. Во тек е и градбата на болницата во Кичево, истакнува премиерот Груевски.

Тој посочува дека во изминатата година е решен проблемот со лековите за лица со ретки болести и воведени се поливалентни вакцини.

Во 2016 година, како што нагласува Груевски, се планира и отворање на центар за трансплантации. 

 
 
31.12.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега