Уште една група Муџахедини пристигна во Албанија

 

Врз основа на договорот меѓу САД и албанската Влада, на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ синоќа пристигна четвртата група ирачки Муџахедини, јави дописникот на МИА од Тирана.

Станува збор за 16 лица, од нив девет мажи и седум жени. Со оваа група, во Центарот за азиланти во Бабру кај Тирана вкупно се сместени 109.

Албанија се согласи да прими 210 Муџахедини, што значи дека од кампот „Аштраф“ од Ирак треба да бидат трансферирани уште 101 Муџахедин.

Албанската Влада преку Министерството за внатрешни работи ги презеде сите потребни мерки за сместување и безбеден престој на овие лица, додека трошоците за престој ги покрива УНХЦР. Првата група, која пристигна на шести мај, веќе се прилагодува на животот тука и веќе следи курс за изучување на албанскиот јазик. 

ФОТО: Дневник

најчитано сега