Цела недела студ: Кочан во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до девет степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови. До недела ќе се задржи суво и студено време.

 
 
29.12.2015 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега