Хаос во Србија: Гори магацин со оружје на полицијата

Во еден од објектите во базата на српската Противтерористичка единица, која се наоѓа во Липовица, во близина на Белград денеска попладне изби пожар.

Во инцидентот никој не е повреден.

- Пожарот изби во магацин во кој се наоѓа дел од пешадиската муниција и опрема. Пожарникарите благовремено пристигнаа на лице место. Гаснењето на огнот е во тек, а обезбедени се  другите објекти за да се спречи ширењето на огнот, изјави заменик-директорот на полицијата Мирко Ковачевиќ.

Тој посочи дека најважно е што нема повредени лица.

 
 
28.12.2015 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега