Почнува борба за независност: Турските Курди прогласија автономија

Курдските групи одржаа состанок во југоисточна Турција и повикаа на прогласување автономија, во моментот додека турските сили воделе борба со курдските бунтовници, во која, според податоците досега има преку 200 убиени. Курдите тврдат дека турските сили убиват и цивили.

Повикот за прогласување автономија доаѓа два дена по заседанието на Демократскиот народен конгрес, кој е составен од повеќе курдски невладини организации, во турскиот југоисточен град Дијарбакир.

„Отпорот кој го пружи нашиот народ против политиката на деградирање на курдскиот проблем, во суштина е барање за локална самоуправа и локална демократија“, се наведува во резолуцијата која носи назив „Декларација за политичка одлука за прашањето за самоуправа“.

Овој повик ќе предизвика ескалација на тензиите и борби меѓу Курдите и турските власти кои остро се противат на било каква автомонија која евентуално може да води до прогласување на курдска држава.

 
 
28.12.2015 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега