Страшна несреќа во Битола: Пијан загубил контрола и слетал во река

Околу 6 часот и 35 минути на локалниот пат Битола-Долно Оризари кај мостот на реката Драгор, се случила сообраќајка во која 24-годишниот И.Ц. загубил контрола над својот Пасат и излетал од коловозот и слетал во коритото на реката.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ц.А.(54) од Битола, на кој му е укажана лекарска помош во Битола, каде е задржан на лекување.

Од извршеното алкотестирање кај И.Ц. било констатирано присуство на алкохол од 1.48 промили.

 
 
28.12.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега