Познатата пејачка со потресно писмо од психијатриска болница ги шокира фановите

 

Пејачката Шинејд О Конор пред два месеци се обидела да изврши самоубиство, поради лошто здравје и семејните односи. Таа претходно ги обвинила поранешните момчиња, татковците на нејзините деца, дека и ги одзеле синовите.

Писмото од психијатриската болница кое пејачката го објави на Facebook ја шокира јавноста.

„Ова е последен пост. Вечерва ќе ги избришам профилот. Ова е мое отворено писмо до моите поранешни синови, Џејк, Френк Бонадиј и Џон Рејнолдс. Се обидувам да го поминам најтажниот Божиќ кое некое суштество може да го помине - во лудница. Затоа што никој од моето семејство не се потруди да се грижи за мене по операциите. Сите ме напуштија. Не бев во состојба ниту да си сварам чај. Да јадам. Да се капам. Спијам поради болки. Бев сосема сама дома. Никој не се грижеше за мене. Кога во агонија реков дека ме напуштија, ме злоставија. Иако социјалните служби кажуваат дека сум примерна мајка, ти Џејк, така надуван, реши да ме одвоиш од моето дете. Ја лажеше полицијата, иако беше кај тебе, додека ти и Џон дувавте пред него. Ми го зеде детето и ме напушти после операцијата. Бев нормална додека не ме напуштија после операцијата и ми забранија да го гледам Шејн. Секако, кога се ќе тргне наопаку, јас сум крива. Џејк, Френк и Џон, вие треба да бидете во лудница не јас“, објави Шинејд.

Инаку таа има четири деца, три сина и една ќерка, од четири различни мажи.

 
 
25.12.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега