Усвоен Буџетот на општина Македонска Каменица за 2016 година

 

Вчера во Салата за состаноци во општина Македонска Каменица се оддржа 34-та седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица. На седницата беше усвоен буџетот на Општината за 2016 година и Програмите за работа на невладините организации, здруженија на граѓани и спортски клубови. Основниот буџет на Македонска Каменица за 2016 година изнесува околу 230 милиони денари, односно околу 3,7 милиони евра. Буџетот е развоен и предвидени се инвестиции за инфраструктурен развој на општината, како и изградба на неколку капитални објекти. Рекорден буџет од околу 6 милиони денари е предвиден и за работата на невладините организации, здруженијата на граѓани и локалните спортски клубови. Најголем дел од овие средства, односно 2,7 милиони денари, се предвидени за Културно-информативен центар „Романса“, додека Фудбалскиот клуб „Каменица-Саса“ ќе добие 1,2 милиони денари. Советот изгласа финансиска поддршка и за Ракометниот клуб УСК „Астра-Спорт“, за Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам-Рудник Саса“, за Здружението на лица со посебни потреби „Порака“, за Еколошко друштво „Здравец“, за Здружението на граѓани СОС „Буба Мара“, за Здружението на граѓани „Еленец-Цера“, за Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“, за Ловното друштво „Каменица-Саса“ и за Риболовното друштво „Шаран“.

 

На седницата на Советот беа донесени и Одлуки за прекугранична соработка, односно за аплицирање на ИПА Програмата во партнерство со општина Белица, Бугарија. Општина Македонска Каменица на овој повик од ИПА Програмата ќе аплицира за проект за енергетска ефикасност и со проект за отварање на бизнис инкубатор. 

 
 
25.12.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега