Последен поздрав за Слободан Чашуле
Чашуле почина на 18 декември 2015 година во Мадрид, по кратко боледување. Смртта го затекна како амбасадор на Република Македонија во Кралството Шпанија.
Со комеморација во Министерството за надворешни работи беше оддадена почит по повод смртта на поранешниот министер и новинар Слободан Чашуле.
Претседателот Ѓорге Иванов, шефот на дипломатијата Никола Попоски, поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски, амбасадори, изразија сочувство до семејството Чашуле.
Попоски истакна дека Чашуле бил на чело на македонската дипломатија во исклучително тешко состојба по воениот конфликт во 2001 година и дека со своето искуство придонесол за зајакнување на позицијата на Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа