Исповед на проститутка - Што би направиле ако некој ви впери пиштол во глава?

 

– Вие не плаќате само за сексуалните услуги, вие плаѓате за времето кое таа жена ќе го помине со вас. Дали вие зборувате со неа, пиете кафе или правите нешто друго, сосема е неважно – изјави некогашната проститутка од Хрватска.

Поранешната проститутка од Хрватска ја раскажа својата потресна приказна за нејзиното искуство кога се занимавала со “најстариот занает“. Таа во интервју за Н1 по повод вчерашниот Меѓународен ден во борба против насилство врз сексуалните работнички објасни дека во светот на проституцијата влегла кога имала 18 години.

-Што би правеле ако некој ви впери цевка 9ка во глава и ви каже дека ќе правите тоа што ќе каже тој/ Дали би дозволиле да ве убие – рече девојката.

-Во тој свет влегов на сила, тоа не беше мој избор. После сите тие проблеми и кога се извлеков од тоа, вистинската борба започна потоа. Сите мислеа дека јас тоа го посакував, дека тоа жените го прават за пари, статус, но навистина не е така – рече таа.

А клиентите се понапорни и различни.

– Сите кои имаат малку повеќе пари – банкари, конзули, политичари, јавни личности, туристи, странци – тврди таа.

– Цената е од 100 до 5000 евра, а вие бирате. Вие не ја плаќате сексуалната услуга, вие го плаѓате времето кое таа жена го поминува со вас. Дали вие зборувате со неа, пиете кафе или правите нешто, тоа е небитно – кажува девојката.

Проститутките се плашат и од полицијата, за која таа тврди дека се во соработка со макроата па од нив не ни бараат помош.

– Што се однесува на полицијата, од нив барав помош, но секогаш ме тепаа или ме враќаа назад. Во главно полицијата и макроата се во многу добар однос. Но, полицијата може да ве претепа, да ве удри со книга, да ви мава шлаканици или да ве навредува. полицијата кон тие жени се однесува како кон стока – кажува девојката.

Проституцијата денес е позади неа. Активна е во помаѓање на сексуалните работнички и на меѓународно ниво.

– Се тоа еден ден ќе ги стигне. Може да ви се урне цел свет над глава, без оглед дали сте жртва или не, едноставно ве уништуваат во секунда – заклучи поранешната проститутка.

 
 
24.12.2015 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега