Дејан Штаргоски 100.000 посетител во Битолското „3-Д“ кино

 

Националната установа Центар за култура во Битола, во чии рамки од 2013 година работи „3-Д“ кино, вечерва приреди изненадување за публиката и го промовираше 100.000-от посетител.

Билетот на 100.000-от посетител беше во рацете на Дејан Штаргоски кој со своите пријатели го следеше филмот „Војна на ѕвездите“.

-Не очекував вакво изненадување. Радосен сум што сум 100.000-от посетител во битолското „3-Д“ кино, често гледам филмови, посебно научна фантастика и затоа вечерва дојдов да го гледам филмот „Војна на ѕвездите“, изјави Штаргоски.

За 100.000-от посетител, НУ Центар за култура-Битола на Штаргоски му додели траен-доживотен билет за бесплатно гледање на сите филмови во „3-Д“ кино.

-Оваа бројка на посетители што ја регистриравме за 26 месеци од кога нашето „3-Д“ кино е во функција, уште еднаш ја потврдува атрактивноста на програмата во киното, за мојот тим и проектот кој што ќе трае како одлична понуда за сите гледачи. На вечерашниот настан доделивме посебна награда инспирирана од најубавите филмски бајки, награда на која ќе се радува вистински филмофил каков што е добитникот. Се надевам дека што поскоро ќе го имаме и 200.000-от гледач, затоа што секоја година бројот на посетители се зголемува благодарение на одличната филмска понуда, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола кој воедно му ја врачи наградата на 100.000-от посетител. 

 
 
24.12.2015 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега