Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ од терен ги слуша потребите и имплементира проекти кои произлегуваат од граѓаните

 

Изминатиов период бевме и се уште сме сведоци на еден од најтешките сегменти од поновата историја на Република Македонија. Период кога една мала група наши сограѓани идентификувајќи се себи си како опозиционери, се обиде да и наштети на нашата татковина, креирајќи, фалсификувајќи и што е најстрашно предавајќи ги интересите на нашите сограѓани и татковината, преку големата заслепеност и по секоја цена желба да се дојде на власт.

Ова го истакна Христијан Мицковски, член на ИК и советник на премиерот за енергетика, на трибината- дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”, која вечерва се одржа во Гостивар.

-Огромен гнев е насобран кај таа мала група наши сограѓани, гнев што заслепува, гнев што доведува до лудило, меѓутоа како секогаш во минатото така и овој пат, ВМРО-ДПМНЕ се исправи цврсто пред предизвикот, го истакна својот државотворен капацитет и уште еднаш се покажа како столб на државноста на нашата татковина. Додека Владата предводена од премиерот Никола Груевски се бори за секое ново работно место , за секоја нова отворена фабрика, за секој дополнителен километар асфалтиран автопат, за секоја нова градинка, училиште, болница, оваа група деструктивци фалсификува, импровизира, мести сценарија, потенцира Мицковски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на терен помеѓу своите сограѓани, ги слуша потребите, анализира и имплементира проекти кои произлегуваат од граѓаните, а така произлегле многу проекти.

-1.200 милиони евра се вложени во производство на електрична енергија од обновливи извори. Повеќе од 5.000 домаќинства ги осветлуваат своите домови со енергија добиена од обновливи извори, а во тие домови илјадници ученици ги пишуваат своите домашни задачи. Преку 35 милиони евра се вложени во ревитализација на хидроцентралите, вклучително и Мавровската каскада, инвестиција која го продолжува работниот век за дополнителни 40 години и ги „бетонира“ работните места на гостиварци.

Мицковски, додаде и дека гасификацијата е на прагот на реализација.

-Тендерот за изградба на магистралниот гасовод до Гостивар ќе се објави во јануари, а почетокот на работите ќе стартуваат најдоцна до април. Со тоа сонот за ефтин енергенс на нашите сограѓани станува реалност.

 
 
24.12.2015 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега