Комеморација во чест на амбасадорот Слободан Чашуле утре во МНР
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека на 18 декември 2015 година во Мадрид, по кратко боледување, почина амбасадорот Слободан Чашуле.
Комеморацијата ќе се одржи утре во 10:00 часот во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.
Амбасадорот Чашуле е поранешен министер за надворешни работи (2001-2002), амбасадор на Република Македонија во Кралството Шпанија, Пратеник во Собранието на РМ, и долгогодишен новинар.
Министерството изразува длабоко сочуство до семејството на починатиот.
24.12.2015 - 19:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа