Средба на вицепремиерот Бесими со раководството на ДИК
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска оствари работен состанок со претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски и потпретседателот Реџеп Прекопуца, во рамки на иницијативата на Секретаријатот за европски прашања „Институционални посети во врска со имплементацијата на Итните реформски приоритети”.
Како што соопштија од Секретаријатот, Бесими на средбата им го честитал изборот, потенцирајќи ја важната улога што оваа институција ќе ја има во наредниот период, а особено за наредните парламентарни избори.
Според претседателот на ДИК Чичаковски, добрата меѓуинституционална соработка, ќе биде од круцијална важност за успешна организација и спроведување на изборниот процес.
- На состанокот се разгледуваа препораките од Итните реформски приоритети кои се во надлежност или поврзани со работата на Државната изборна комисија, со фокус на планираните конкретни активности кои треба да се преземат во периодот до распишување на предвремените парламентарни избори, дефинирани со последните измени и дополни на Изборниот законик, се наведува во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа