Груевски: СДСМ би биле најсреќни да нема избори

 

СДСМ би биле најсреќни да нема избори. Што се однесува до нас избори мора да има, а СДСМ да ја добијат лекцијата. Мора да се соочат со народот, истакна премиерот Никола Груевски во Вестите на телевизија Сител.

-Тие смислуваат се само да се закочи изборниот процесот. Сакаа изборите да ги добијат со фалсификати, но сега и тоа им се руши. Меѓународната заедница има јасен став и ние имаме јасен став, рече Груевски.

Премиерот најави дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори.

-Апсолутно дека се подготвуваме. Прво работиме на подготовка на Отчетот. Завршивме огромен број на работи кои ги ветивме и ќе ги покажеме преку Отчетот. Работиме и на новата програма која ќе биде најобемна до сега. Ќе направиме приоритизација, ќе ги сублимираме идеите и ќе ја направиме најобемната и најпрофесионалната програма, додаде Груевски.

 
 
24.12.2015 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега