Груевски: Криминалците се директно поврзани со СДСМ

 

Додека ние тераме по една динамика и по еден пат кој мислиме дека е нормален, да се натпревруваме со идеи, проекти, креативност, како да им се помогне на граѓаните, некој друг својата енергија не го троши на она што е нормална политичка битка во секоја земја, туку да купува опрема за фалсификување на лични документи, истакна премиерот Никола Груевски во вестите на Сител.

-Ова е дрзок криминал, ние не се бориме со некој кој не се бори со политички средства, се соочуваме со некој кој се бори со крајно криминални средтсва, не е лесно да се бориме со ова. Криминалци се директно поврзани, во комуникација со врвот на најголемата опозициска партија, посочи Груевски кој изрази жалење што СДСМ како што вели, паднале на ова дереџе.

Премиерот истакна дека е шокиран од она што го открило обвинителството.

-Обвинителството откри опрема купена и ставена во погон за фалсификување, репроматеријал за производство на истите фалсификувани документи. Голем број такви исправи се откриени со цел компромитација на видни државни функционери. Ние работеме на носење фабрики, отворање работни места, изнаоѓање начини младите да дојдат до куќа, за помош за земјоделци, зголемување на плати. Од друга страна некој друг работи на фалсификување на пасоши со кои треба да се компромитираат политички личности од ВМРО-ДПМНЕ, фалсификувани лични карти, фалсикувани документи за банкарски трансакции со цел да се наруши нивниот кредибилитет, додава Груевски.

 
 
24.12.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега