Премиерот Груевски ги посети дечињата од социјално загрозени семејства кои летуваат во Струга

Денеска и премиерот Никола Груевски заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  ги посети дечињата од социјално загрозени семејства кои се на бесплатно летување во Детското одморалиште „Мајски цвет“.

Министерот Спасов истакна дека целта на ова летување е да бидат опфатени дечиња чии семејства немаат средства да ги пратат на одмор за и тие да доживеат седум дена исполнети со среќа и радост во некои од македонските одморалишта. 

- Со овој проект им овозможуваме на дечињата да поминат денови со исполнета програма, со спортско-рекретаривен, културно-забавен и воспитно-едукативен карактер. Има и родители кои се со социјален ризик и не можат да им овозможат на дечињата да одат на одмор, а ние им помагаме во тоа, рече Спасов.

Во струшкото одморалиште „Мајски цвет“ моментно престојуваат 200 деца од петто до осмо одделение кои, како што истакна воспитувачката Невенка Тренчевска, денот го поминуваат на плажа, а во вечерните часови организираат маскенбали, танцувања...

Инаку, во рамки на владиниот проект ова лето од јуни до крајот на август бесплатно ќе летуваат околу две илјади дечиња од кои 1.200 во Струга и 800 на Пелистер.

најчитано сега