Сообраќајна несреќа во околината на Москва - 15 лица загинаа

Петнаесет лица загинаа во судар меѓу патнички автобус и товарен камион во околината на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Во несреќата се повредени 16 лица, од кои едно дете.

На местото на инцидентот се испратени медицински хеликоптери и 30 возила на брзата помош. 

Според првичните информации автобусот на патот од Москва за Подолск се судрил со камин во близина на селото Ознобишино во округот Новотроицкија.

Московската полиција соопшти дека одговорен за несреќата е возачот на камионот, кој е меѓу загинатите.

ФОТО: Утрински

најчитано сега