Современиот живот причина за рак во 90 % од случаите

Најновите научни студии спроведени од страна на истражувачи од Универзитетот Стони Брук во Њујорк, покажале дека во 90 проценти од случаите модерниот живот предизвикува канцерогени болести кај луѓето, пренесува Анадолу Агенција (АА).
 
Според истражувањето, лошата исхрана, недостатокот на вежбање, стресот и загадувањето, се главните фактори кои придонесуваат за рак на белите дробови, дојката и простатата.
 
Во текот на студијата, истражувачите ги проучувале генетските „отпечатоци“ од неколку врсти на рак за да се обидат да разберат колкаво влијание има околината за неговиот развој, пренесуваат британските медиуми.
 
И според истражувањето чии резултати неодамна беа објавени во едно научно списание, се проценува дека 90 проценти ракот е предизвикан од надворешните фактори.
 
За најопасни фактори се сметаат загадувањето, ултравиолетовото зрачење и стресот, а исто така се споменува и исхраната и физичката активност.
 
Резултатите покажуваат дека здравиот начин на живот има клучно значење во намалувањето на ризикот од добивање канцерогено заболување.
 
 
23.12.2015 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега