Договорното производство во вредносниот синџир за преработка на зеленчук

Денеска министерот Димовски се обрати на промоцијата на резултатите од спроведувањето на активноста за поддршка на Договорното производство во вредносниот синџир за преработка на зеленчук, која треба да овозможи подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и стабилизирање на приходите на земјоделците.

- Оваа активност има за цел зајакнување на вертикалната интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук преку заедничко планирање на зеленчуковото производство и преработка на начин на кој ќе обезбедaт постабилни приноси и квалитет на производите и посигурни приходи за договорните страни, рече Димовски.

- Препознавајќи ја важноста на овој сегмент, својата посветеност во поддршка на интегриран развој на вредносните синџири, Министерството за земјоделство ја потврдува преку носење и доследно спроведување на законски и подзаконски одредби кои го регулираат договорното производство и неговото доследно имплементирање. Со цел зајакнување на меѓусебната директна соработка меѓу преработувачката индустрија и нивните кооперанти, добавувачи на потребните суровини за преработка, Министерството, веќе неколку години во годишните програми за директна поддршка вклучува и дополнителни субвенции за количините на зеленчук предадени во преработувачките капацитети, рече Димовски.

- Пеку воведување дополнителна поддршка на земјоделски советници, Министерството за земјоделство верува дека ќе даде дополнителен поттик за понатамошно ширење на овој пристап на поблиска соработка меѓу земјоделците и преработувачката индустрија, истакна Димовски.

Министерството за земјоделство почна со активности за реализација на кампањата „Договореното е најсигурно“. Во моментов се врши изработка на рекламниот материјал за реализација на кампањата, која наскоро треба да почне. 

ФОТО:Влада

најчитано сега