Втора шанса за винариите кои не ги исплатија лозарите - Владата со нов пакет мерки

Владата на Република Македонија со пакет нови мерки ќе им помага на македонските лозари. Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот потпарот Александар Ѓеорѓиев.

Владиниот потпарол истакна дека во изминатиот период винариите во целост ги исплатиле лозарите, а само мал дел од нив не успеале да го направат тоа. Оние винарии кои не ги исплатија своите лозари беа избришани од регистарот за вино и добија забрана за работа во период од две години. 

Со новите мерки од страна на македонската Влада сега и овие винарии добиваат втора шанса. Винариите кои добија забрана имаат рок од 90 дена комплетно да достават документација и да уплатат 10% кои ги немаат исплатено на лозарите.

најчитано сега