Неутешна мајката на одбојкарот Дејан: Ми бараше да му направам кајмак и леб, а сега мојот единец го нема
Еден од најдобрите српски одбојкари на суте времиња Дејан Брдовиќ почина пред два дена во Белград, а неговите родители Небојша и Љубинка останале без својот син единец.
Дејан Брдовиќ починал неајдено во понеделникот во својот стан во Белград, родителите и неговата сопруга и децата се во шок.
- Се слушнавме вечерта во понеделникот ми рече дека сега се сите се собрани бидејќи Алекс пристигнал од Русија и исто така и Дејан се врати од Полска па ми рече дека сите ќе дојдат во Краљево. Ми нагласи да подготвам кајмак и да испечам домашен леб. Не сакаше ништо да ми каже како здравствено се чувствува. Криеше од мене. Сега повеќе го нема мојот единец, низ плач рекла мајката Љубинка за српскиот Курир.
Дејан во понеделникот го пречекал својот син Алекс на аеродорот па после неговата ќерка Александра ја оставил на тренинг се вратил дома. Дејан починал во семејниот дом во 21 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа