Велешко: Изгоре камион кој превезувал слама

Во велешко вчера во 13 часот изгорел камион кој превезувал слама.

Пожарот настанал во камион „Мерцедес 1213“  во сопственост на 46-годишниот Г.Ј. од Велес со кој управувал 25-годишниот А.К. од велешко. Имено, возилото натоварено со 200 бали слама се движело од с. Мамутчево кон с.Ветерско и при маневрирање на местото каде требало да се истоварат балите дошло до контакт на приколката со електричната мрежа поставена на висина од три метри, при што настанало електрично искрење, потпалувајќи ги балите слама, кои го зафатиле и возилото. 

Возилото и сламата целосно изгореле, но за среќа нема повредени.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега