Кичевчанец си го истурил бесот во спортска обложувалница - со безбол палка искршил се во неа

Бесен кичевчанец вчера демолирал спортска обложувалница. Инцидентот се случил во 21 часот во спортската обложувалница “Џокер“ каде 32-годишниот Н.А. кој подолго време се задржал во неа, со безбол палка скршил три ЛЦД телевизори, плафонски лустери, излогно стакло и стакло од влезна врата.

Со своето насилно однесување тој предизвикал чувство на несигурност и страв кај вработените и присутните гости.

Кичевчанецот веднаш избегал од местото на настанот откако ја направил штетата, а полицијата работи на случајот.

ФОТО: Дневник

најчитано сега