Кога ќе ги видите можностите на новиот Viber старата верзија нема да ја користите

Ако сеуште не сте ја презеле новата верзија на Viber, ве советуваме да го направите тоа. Популарната апликација за испраќање бесплатни пораки и разговори има нов изглед и отсега има и поддршка за нови самобришачки пораки.

За самобришачките пораки пред се ќе биде потребно преземање и инсталирање на апликацијата Wink, која Viber ја купи неодамна. Со помош на Wink може да се подеси времето после кое, испратената порака ќе биде избришана, како и на телефонот од кој е испратена, така и на телефонот на кој е примена. Притоа корисниците на располагање ќе имаат четири временски опции, пораката ќе може да се избриши по 1,3,7 или 10 секунди.

По инсталирањето на Wink, самобришачките пораки ќе може да се испратат од Viber, од додатното мени, од каде се испраќаат слики, датотеки и слично.

Со клик на Wink иконата се активира камера која овозможува сликање или снимање на кратко видео запис. Снимениот материјал може да се дополне со текстуална порака, а потоа да се испрати и по одредено време пораката да се избрише.

Wink пораките не можат да се сочуваат.

 
 
22.12.2015 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега