Тест од една минута кој открива дали треба да останете во врска

Доколку сакате да ја тестирате својата врска и квалитетот на љубовниот однос со партнерот, одговорете на само едно прашање – дали на вашиот партнер му е важно вашето мислење?

Доколку го прашувате американскиот комичари водител Сет Мајер, одговорот на ова прашање одредува во која мера партнерот ги цени вашата интелигенција и чувства.

 Никогаш не губете ни секунда од своето време со маж кој не сака да го чуе вашето мислење и совет – им порача тој на жените.

Во квалитетниот љубовен однос партнерот мора да ве вклучи во процесот на донесување на своите одлуки и така да ја покаже својата почит кон вас. Ако воопшто не сте фактор во неговите одлуки, тоа значи дека долгорочно не се гледа со вас.

 
 
21.12.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега