Денеска сите во ЗОО Скопје - еве зошто
Во новиот едукативен центар на Зоолошката градина во Скопје денеска од 13:30 до 15:30 часот ќе се одржи детска приредба „Нашата божикна приказна“. Околу 70 учесници ќе пеат, рецитираат и ќе се забавуваат.
Организатор е Германскиот јазичен центар со поддршка на Австриската амбасада и останатите партнери. Германскиот јазичен центар како едукативен центар за германски јазик за сите јазични нивоа и возрасни групи, традиционално приредува божикна забава веќе неколку години.
- Оваа година во соработка со едукативниот центар на ЗОО Скопје ќе креираме заедничка божикна приказна, информира Германскиот јазичен центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа