Поради очајната поддршка од граѓаните Заев бега од избори

Зоран Заев бега од избори. Главниот адут му е одолговлекување на роковите, но и продлабочување на кризата преку спроведување на деструктивното сценарио. Вистинскиот извор на страв му е волјата на граѓаните која на Заев му е позната.

Според последните испитувања на „Брима Галуп“ на прашањето кој има подобра политичка програма одговорот на анкетираните бил 56 наспроти 16 проценти во корист на владејачката партија.  Независната агенција за истражување на јавното мислење „Брима Галуп“ го спровела истражувањето во периодот од 29 октомври до 3-ти ноември 2015 година при што биле анкетирани 1007 испитаници.

Слична е определбата на граѓаните и кога станува збор за кадрите на партиите. Безмалку 53 проценти од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар, додека според 23 проценти од  граѓаните подобар е кадарот на социјалдемократите. 55 отсто од испитаниците не веруваат во ветувањата на СДСМ додека во нив веруваат 21 процент од граѓаните.

Според 53 проценти од анкетираните опозицијата не би била подемократична од власта доколку дојде на чело на државата, додека спротивното го сметаат 22 отсто од испитаниците.

осврнува кон деструкција и кон продлабочување за кризата. Сите аргументи кажани на лидерската средба на Заев биле неодржливи, почнувајки од тоа да не важат никакви критериуми и да не важи системот на заслуги за специјалното обвинителство, на што странците се чуделе. Потоа Заев се жалел дека неговите министри немаат доволно луѓе во кабинетите што повторно не е точно. Оливер Спасовски има девет соработници, Фросина Ременски има шест соработници, истото е и со Љупчо Николовски, Александар Кирацовски и Кире Наумов.

Заев и СДСМ служат како портпароли на специјалното обвинителсво. Истовремено се повеќе е забележлива нервозата во СДСМ, па Заев си го покажува вистинското лице. Заев и СДСМ станаа портпароли на Катица Јанева.

Заев на лидерската, а Петре Шилегов вчера бесе портпарол на Јанева. Тој даде изјава што имала, што немала и што ѝ требало за да ги извршува работите во полн капацитет.

 
 
17.12.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега