ЕВН најави исклучувања за утре

 

Корисниците од  улиците „1612“, „Надежда Крпскаја“, „1336“ и „1616“ во општина Аеродром утре од 8 до 16 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од Дуќанџик и Стара Чаршија во општина Чаир, како и корисниците од улиците „Трајко Бошковски-Тарцан“, „3“ и „5“ во Сарај и делот кај општината Сарај и селото Крушопек и корисниците од улицата „Коста Веселинов“ во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електросистемот од екипите на ЕВН Македонија.

 
 
17.12.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега