Дете си играло со нешто што сите го користиме - изгубило 75 отсто од видот!
Децата со нив си играат постојано, а не ни знаат колку тоа може да биде опасно за нивното здравје. Дефинитивно кога се во прашање децата, особено машките, сите ја обожаваат оваа „играчка", која всушност не треба да се смести во оваа категорија. И не само децата, туку и повозрасните момчиња, а тоа е ласерот!
14-годишно момче за светските медиуми раскажува хорор приказна која му се случила за жал во реланиот живот. Тинејџерот кој како и секој на негова возраст си играл со ласер, загубил 75 посто од видот. Тој погледнал во светлото на ласерот, како што вели буквално една секунда, а потоа видел само магла. Дејли Меил пишува дека и родителите и лекарите биле шокирани од случката.
Момчето раскажало на лекарите дека погледнало директно во црвеното светло на ласерот, но не почувствувало болка. По неколку секунди само сфатило дека не може да гледа, поради што секако многу се сиплашило. Офталмологот увидел дека дел од окото внатре буквално му е изгорен од ласерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа