ФОТО: Ја украсиле куќата за Нова Година - соседите преплашени викнале полиција

Доаѓа периодот на кој сите најмногу му се радуваме, кога градот блеснува и сите се радуваат китејќи ја новогодишната елка. На едно семејство од Америка тоа не му тргнало од рака и направило невиден скандал кога го украсило својот дом со новогодишни сијалички, па соседите морале да викнат полиција поради она што го виделе.

Имено, семејството сакало да прати порака против тероризмот, по сите трагични настани и крвави напади кои годинава го потресоа светот, но нивната порака сосема обратно бола сфатена. Како што пишува порталот "Viralthread", семејство од Америка ги поставило сијаличките во форма на името ИСИС, со што сакале да упатат јасна порака - Не за терорисмот! Над сијаличките имало и Дедо Мраз кој уринира на самиот натпис, со што било очигледно која е поентата.

Сепак, соседите не го сфатиле тоа така. Тие изреволтирани и уплашени се јавиле во полиција по натписот кој го виделе, мислејќи дека нивните соседи всушност го слават тероризмот. За среќа, полицаецот кој веднаш стигнал на местото на настанот сфатил дека не се работи за терористи, туку напротив. Семејството кое останало шокирано од пријавата сепак решило да ги тргне сијаличките, односно со нив да направи друг облик, за полицијата повторно да не им затропа на врата и да ја уништи новогодишната магија.

 

 
 
16.12.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа