Експлозија на висококатниците во скопски Аеродром - две лица завршија во болница
Двајца работници на градилиштето на висококатниците на Џеваир Холдинг во скопски Аеродром завршија во болница откако поладнево околу 16:30 часот при експлозија на интеркулер се здобиле со тешки телесни повреди, дознава Press24. Според нашите информации работникот И.А има крварење во мозокот додека З.В. раекотини по телото. И двајцата се префрлени во Клиичкиот центар каде им се укажува лекарска помош. Се уште нема информации за нивната состојба.
Информацијата за Press24 ја потврди и полицијата.